Во период од 16.11. до 29.11.2014 година припадници од 2.механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада учествуваа на меѓународната вежба „Платинест волк-15“ која се изведуваше во базата „Југ“ во близина на Бујановац, Република Србија.
На десетдневната тактичка вежба покрај припадниците од Армијата на Република Македонија, учествуваа и припадници од Армиите на Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, како и припадници на маринскиот корпус од САД во улога на асистенти на вежбата и припадници од Жандармеријата на МВР Србија.
Во текот на вежбата припадниците на армиите од земјите учеснички изведуваа во ефикасно користење на несмртоносно оружје, планирање, подготвување и извршување на разни заеднички задачи во мировни операции во услови на мултинационално опкружување.
Во текот на обуката се одработени повеќе теми од мировни операции и тоа:
Системи за несмртоносно оружје, Работа на контролна точка, контрола на демонстрации, ескортирање на конвој, кордон и пребарување, патролирање пешки и со возила; борба во урбана средина и заштита на сили.
Покрај борбената обука на ден 23.11.2014 година е реализиран спортски ден на кој припадниците на АРМ учестуваа со екипа во мал фудбал при што го освои првото место.