Во периодот од 11 до 21 мај 2026 година, припадници на Баталјонот на Воена полиција (бВП) учествуваа на меѓународната военополициска вежба „Beyond Horizon 26“, која се реализираше на полигонот „Ново Село“ во Бугарија. За време на вежбата припадниците на бВП демонстрираа високо ниво на професионалност, обученост и интероперабилност преку синхронизирана употреба на процедури, тактики и техники при реализација на заедничките активности и изведување на военополициски задачи.
Заедно со припадниците од Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Полска, Романија, Шпанија и Соединетите Американски Држави, припадниците на бВП стекнаа нови искуства и дополнително ги унапредија своите способности за интероперабилност, координација и интеграција за дејствување во мултинационална средина при изведување на операции со висок интензитет.
Учеството на Армијата на вакви меѓународни вежби претставува потврда за подготвеноста и посветеноста кон јакнење на колективната и регионалната безбедност, како и кон градење на силна соработка со сојузничките и партнерските армии.








