Во периодот од 09-20.05.2016 година во Врање, Република Србија беше реализирана вежбата „Platinum Wolf 16“ во организација на Маринскиот корпус на САД. На вежбата учествуваа околу 100 претставници од 5 земји од регионот и 100 претставници од Маринскиот Корпус на САД.
Целта на вежбата беше извежбување на воено полициски единици во извршување на нивната мисија и задачи. Во рамките на вежбата беа реализирани повеќе заеднички теми меѓу кои: употреба на несмртоносно оружје, справување со толпа, борбено сервисна поддршка, патролирање и др.
Од Армијата на Република Македонија на активноста учествуваше еден вод од баталјонот на Воена полиција при што истите ја покажаа врвната обученост во справувањето со предизвиците на новото време во делот на мисијата на Воената полиција.
Во рамките на вежбата беше реализиран и ден за високи гости на кој присуствуваше делегација на АРМ предводена од бригаден генерал Павле Арсоски.
На оваа вежба уште еднаш припадниците на АРМ покажаа дека се врвно обучени и оспособени за извршување на мисијата.