Во периодот од 28.10. – 09.11.2019 година, 24 припадници од Командата за операции (КО), учествуваа на вежбата „Maple Arch 2019“ во Житомир, Република Украина.
На компјутерски асистираната вежба припадниците на Армијата беа распоредени на различни штабни позиции, во рамките на мултинационалниот баталјон, заедно со вооружените сили на Црна Гора, како и на други функции во рамкита на штабот на бригадата. Ангажираниот персонал од Армијата покажа високо ниво на професионализам во процесот на работата.
На вежбата „Maple Arch 2019“ учествуваа околу 250 лица, персонал од Украина, Канада, Грузија, Литванија, Полска, Црна Гора и Република Северна Македонија и SEEBRIG. Сценариото на вежбата претставува измислена ситуација и модифицирана верзија на НАТО одобрените OCCASUS сценарија во постапките на штабот на баталјонот во Процесот на донесување на воена одлука (Military Decision Making Process – MDMP).
Извршувањето на задачите во рамките на штабот, за персоналот од Армијата претставува надоградување на веќе стекнатите знаења од доменот на работните места и добра можност за промовирање на интероперативноста на штабните постапки и процедури во меѓународно опкружување.
ЧС/БН