Припадникот на баталјонот на Воена полиција (бВП), поручник Дарко Трајков, како професионалец од родот врски во Армијата, покрај своите редовни обврски кои произлегуваат од неговата должност, исто така е и врвен радио телеграфист.
На шеснаесеттото по ред светско првенство во радио телеграфија, ХСТ (Брзо примање и предавање на знаци од Морзеовата азбука), кое се одржа во Албена, Република Бугарија, во периодот 13-17.09.2019 година, учество имаше и дваесет и седум годишниот поручник Трајков, припадник на бВП.
Имено, во најтешката и најбројната сениорска конкуренција во дисциплината “Rufz XP“, го освои високото второ место притоа освојувајќи сребрен медал.
Огромната конкуренција со преку педесет натпреварувачи од Русија, Белорусија, Романија и други, не преставува пречка поручникот Трајков да го постигне овој огромен успех. На вакви првенства учествува по шести пат, покрај освоениот сребрен медал, задоволството од учеството е огромно.
Во наредниот период пред поручникот Трајков, претстои учество на наредното светско првенство кое ќе се реализира во Монголија, каде покрај вложените максимални напори поручник Трајков верува и ветува дека ќе стане светски првак во радио телеграфија.
ДЃ/КН/ЧС/НЈ