Во период од 03 до 08 април 2019 година на АП ,,Криволак“, дел од штабот на 1. механизиран пешадиски баталјон, 1.механизирана пешадиска чета (1.мпч) и минофрлачката батерија 120 мм (мфб 120 мм), реализираа стационарно логорување и изведоа тактичката вежба со оклопни борбени возила на пешадија (хермелин), боево гаѓање (ТВБГ) со чета како и артилериско боево гаѓање (АБГ) со минофрлачка батерија 120 мм во рамките на годишен план за обука на единицата.
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и синхронизираност на единиците на бојното поле, демонстрирано со реализација на ТВБГ „пешадиска чета во напад, засилена со артилериска поддршка од мфб 120 мм”.
Реализацијата на ваква тактичка вежба бара добра извежбаност и совладување на бојното поле, со уништување на целите од страна на пешадиските единици со артилериска поддршка. За реализација на вакви гаѓања потребен е висок професионализам, извежбаност, добра координација и кондиција, каква што и покажаа припадниците од 1.мпч и мфб 120 мм, за време на реализација на гаѓањето.
ИН/ГЃ/ЧС/БН