Денес 13.03.2015 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) од страна на командантот на ЗОК се доделија Уверенија на посетителите на обуката „Планирање, менаџирање и дистрибуција на безбедносни полиси во информатички мрежи“.
На обуката организирана од страна на секцијата Ј-6 од ЗОК присуствуваше клучниот персонал од секциите за врски од ЗОК и првопотчинетите единици, а се реализира во периодот од 10.03 до 13.03. 2015 година во касарната „Страшо Пинџур“ во гарнизонот Петровец.
Целта на обуката која за прв пат се спроведува по принципот „Обучениот обучува“ е стручно обучување на персоналот од родот врски кој работи на информациска безбедност и заштита на информациски системи во Главниот Команден Информациски систем во АРМ.
За време на четиридневната обука покрај теоретските предавања за безбедност на информатичките мрежи учесниците се стекнаа и со практично искуство во работата и ги надоградија постоечките знаења.
Во понатамошниот период од оваа област сукцесивно ќе се обучуваат и останатите припадници од родот врски одговорни за информатичката безбедност на информатичките мрежи во АРМ.