Во период од 21.04 до 24.04.2015 година, на стрелиштето „Пенуш“ припадниците од 2 механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, реализираа вежби во гаѓање, училишни и подготвителни гаѓања со вооружувањето на оклопно механизирани единици (ОМЕ).
Гаѓањата се реализираа врз основа на План календарот за обука со митралезите „ПКТ/СГМТ“ 7,62мм (Pulemyot Kalashnikova Tankovyi / Kalasnikov Mashine-gun ) со оклопен транспортер (ОТ) ТМ 170 „Хермелин“ и со НСВ 12,7мм (Никитина–Соколова-Волкова) со ОТ МТЛБ (Mnogotselevoy Tyagach Lekhko Bronirovannyi).
На овие гаѓања припадниците од 2.мпб постигнаа одлични резултати.