Во деновите 10, 16 и 24 март 2015 година реализирани се “Вежби во гаѓање со вооружувањето на ОМЕ” со, според новата организациско формациска структура, тенковски чети од тенковскиот баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада.
Гаѓањата се реализираа на стрелиштето Петровец во секторот “Минијатурно тенковско стрелиште” со командирите на тенкови и нишанџии на тенк Т-72. Притоа беа изведени гаѓања од место и со кратко застанување по неподвижни и моментни цели со редуциран куршум на намалено растојание со спрегнат митралез (ПКТ 7,62мм) на тенк Т-72.
Изведувањето на овие гаѓања беа реализирани врз основа на Планот за реализација на обука со новопримениот персонал во тенковскиот баталјон.