Во рамките на планираните активности по повод одбележување на 20 Мај – Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛп) на ден 15.05.2015 година во транспортна чета од Центарот за Снадбување и Транспорт (ЦСТ) во касарната Илинден се одржа финален натпревар за избор на најдобар возач.
На натпреварот по претходно направениот избор најдобрите три возачи од составот на ЦСТ ги презентираа своите возачки способности во паркирање товарно моторно возило (мв) и во менување на пневматици, како и теоретските познавања на сообраќајните правила и безбедност во сообраќајот.
Претходно на ден 05.05.2015 година во техничко ремонтниот центар (ТРЦ) осум механичари се натпреваруваа во теоретски познавања на функционирање на основните склопови, потсклопови и системи на мв и во практично мерење на притисок во работниот простор во цилиндрите на мотор на патничко мв.
Комисија од состав на брЛп, транспарентно и објективно ги оценуваше натпреварувачите при што согласно покажаните резултати за најдобар возач беше прогласен десетар Музафер Салиу од оделение за специјални возила во ЦСТ, додека цивилно лице Александар Таневски од составот на ТРЦ беше прогласен за најдобар механичар.
Со ова завршија натпреварувањата за избор на најдобри поединци од воените специјалности кои се застапени во брЛп, на кои покрај изборот за најдобар возач на мв и механичар во претходната недела беа избрани најдобриот готвач и болничар од состав на брЛп.
На најдобрите поединци на 20 мај кога ќе се реализира воената свеченост по повод денот на единицата ќе им се доделат признанија за најдобри поединци во своите специјалности за оваа година.