Денес (19 јуни) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на втората ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан.
На средбата со мировниците присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ, Командантот на ЗОК, Началникот на штаб во ЗОК, Командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и дел од клучниот персонал од ЗОК и 1.мпбр, одговорен за подготовките на персоналот за мисијата.
Од страна на одговорните старешини за време на средбата се презентираа реализираните подготовки кои ги имаше персоналот во досегашниот период на подготовки, како и за улогата и задачите кои составот ќе ги извршува следните шест месеци во рамките на мисијата.
Од страна на Заменик на Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини и Командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски се потенцираше дека од овој состав се очекува успешно претставување и беспрекорно извршување на задачите, кое АРМ го покажа низ учеството во мировната мисија „ИСАФ“, со што ќе придонесат за афирмацијата на АРМ и Република Македонија.
Воедно, беа соопштени и надлежностите кои ЗОК ги има кон мисијата „Одлучна Поддршка“ како и одговорностите на персоналот во текот на извршување на задачте во мисијата.
Втората ротација составена од 20 старешини и професионални војници ќе има задача да ја обезбедува командата на мисијата „Одлучна Поддршка“ во Кабул, Авганистан заедно со припадниците на армијата на САД.
Покрај составот за обезбедување, Армијата на Република Македонија во мисијата „Одлучна Поддршка“ учествува и со штабен персонал во Командата Север и во Командата за обука и асистенција во Кабул.