
Мисија:
Мисија на сквадронот за обука и тренинг е да врши обука , преобука и тренажа на пилоти за потребите на Армијата и МО, воздухопловна поддршка на единиците на Армијата и на националните субјеки при елементарни непогоди и катастрофи во ограничени размери.
Задачи:
Примарни задачи:
- Селекција на нови кандидати за пилоти;
- Основна обука на пилоти на авиони и хеликоптери;
- Напредна обука на пилоти на хеликоптери;
- Обука на пилоти инструктори;
- Преобука на други типови на воздухоплови.
Секундарни задачи:
- Лесен транспорт на трупи;
- Одржување на врски;
- Лесен транспорт на товар;
- Операции за извидување од воздух;
- Корекција на артилериски оган;
- Контрола на маскирање на единици на Армијата;
- Операции за доставување на хуманитарна помош при елементарни непогоди и катастрофи;
- Воздушен VIP транспорт.
Мајор Александар Донев
Мајор Александар Донев е роден на 17 јули 1983 година во Радовиш, каде завршува основно и средно образование. Во 2002 година се запишува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и дипломира во род авијација. Во 2006 година е промовиран во чин потпоручник во родот авијација, како првенец на генерацијата. Во април 2026 година завршува постдипломски студии на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ насока Сајбер-безбедност и дигитална форензика.
Воената кариера ја започнува во 2006 година како пилот на селекција на авион од типот Злин 242 Л, во 2009 година успешно ја завршува обуката за пилот. Во период од 2011 до 2012 година успешно завршува основна летачка обука за хеликоптер „Газела“ во воздухоплоната база „Голубовци“ во Црна Гора. Од 2012 година до 2013 година успешно завршува обука за Втор пилот на хеликоптер Ми-24, во Борбен хеликоптерски сквадрон. Од 2013 до 2014 година завршува напредна обука за хеликоптер „Газела“ во воздухоплоната база „Голубовци“ во Црна Гора. Во 2019 година успешно завршува Inter-European Aviation Safety Program Management Курс на Inter-European Air Force Academy во Германија. Во 2020 година успешно ја завршува обуката за Прв пилот на хеликоптер Ми-24, во Сквадрон на борбени хеликоптери. Од 2023 година работи во Сквадронот за обука и тренинг, каде успешно го завршува курсот за инструктор по летање на авион Злин 242 Л. Од Јуни 2026 година е поставен за командант на Сквадронот за обука и тренинг.
Во досегашната кариера ги извршувал следните должности:
- Слушател пилот во флајт за обука и тренинг 2006-2009;
- Пилот во Транспортен хеликоптерски сквадрон 2009-2012;
- Пилот во Сквадрон на борбени хеликоптери 2012-2017;
- Извршува задачи како офицер за операции, борбена готовност и обука во Сквадрон на борбени хеликоптери 2017-2019;
- Офицер за безбедност на летање во Сквадрон на борбени хеликоптери 2019-2023;
- Офицер за операции, борбена готовност, обука и вежби во Сквадрон за обука и тренинг 2023-2026;
- Командант на Сквадрон за обука и тренинг 2026.
Мајор Александар Донев е оженет и е татко на две деца.

1992 година
- Единицата потекнува од авијациската ескадрила согласно формацијата од 1992 година.
1996 година
- Беа набавени првите авиони Злин 242Л со кои во единицата се остварија услови за селекција и обука на нови пилоти, како и за одржување на тренажа со постојаните пилоти од состав на Армијата.
2008 година
- Во 2008 година се направи сериозна трансформација и вложување во однос на едукација и обука на нови пилоти со анализа на работна група на Генералштабот на Армијата за состојбата во военото воздухопловство во тој домен. Преку анализата беа идентификувани постоечките и долгорочните потреби на военото воздухопловство во однос на потребен број на пилоти. Врз основа на заклучоците, Владата на Република Македонија донесе одлука Министерството за одбрана, како институција со најсоодветни капацитети, да го реализира проектот „Центар за обука на пилоти“.
2020 година
- Потпишан е договорот за отворање на Центарот за обука на пилоти (ЦОП) од декември 2010 година.
- Центарот располага со современи, полно подвижни симулатори, со висок степен на веродостојност во однос на хеликоптерите Ми-24 „Александар“ и Ми-8/17/171. Употребата на симулатори не само што ја зголеми безбедноста на летањето преку извежбувањето на целокупниот распон на редовни и вонредни постапки во летот,
- За селекцијата на кандидатите во воздух, како и за трите фази на обука на идните пилоти, на располагање беа авиони од типот ЗЛИН 242Л и хеликоптери од типот Бел-206.
2020 година
- Со трансформација на Армијата оваа единица го доби називот Сквадрон за обука и тренинг.







