Од 13.11 – 15.11.2018 година, според планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Република Италија за 2018 година, во просториите на четата за АБХО/1.мпбр и терените за обука во касарната Чојлија, се реализираше специјалистичка обука од доменот на АБХО („МК-5 CBRNобука“). Во обуката беа вклучени персоналот од чАБХО, претставник од ГШ на АРМ одговорен за АБХО обука и двајца инструктори од армијата на Република Италија, капетан Кодела Симоне и наредник Копола Антонио.
Во наведените денови, двајцата припадници на италијанската армија, со брифинг беа запознаени со мисијата, составот и пополнетост на чАБХО, а на ТТ зборот им беа презентирани средствата за НХБ заштита, РХБ детекција и РХБ деконтаминација со кои располага единицата. За двајцата инструктори од Република Италија, припадниците на чАБХО исто така подготвија и изведоа вежба на која беа прикажани постапките за земање и анализа на контаминирани примероци.
За време на тридневната заедничка обука беа разменети искуства од примената на НАТО процедурите и стандарди во обуката, а произлегоа и предлози за идна соработка од областа на АБХО помеѓу армиите на Република Македонија и Република Италија.
СМ/НЈ