На ден 19 и 20.06.2014 година во кругот на касарните „Боро Менков“ во Куманово „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализира заедничка обука на војниците и старешините од 1.механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) и артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, со припадниците на Територијалните противпожарни единици од Куманово и Прилеп.
Оваа обука се реализира врз основа на планот за обука на 1.мпб и артб во рамките на остварената цивилно воена соработка на тема: „Против пожарна заштита, пристап и гаснење на пожар на опожарено возило, како и употреба на апарати и средства за гаснење на пожар“.
Обуката првенствено беше наменета за ПП екипите од составот на касарните, а се состоеше од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел на обуката од страна на професионалните пожарникари присутните беа запознаени со опасностите што ги предизвикуваат пожарите, превземање на превентивни мерки и заштита од пожари. За време на реализација на практичниот дел од страна на пожарникарите беа покажани постапките на гаснење пожар со против пожарно возило, превземање мерки и гаснење на пожар до доаѓање на противпожарно возило и тн.
Целта на оваа обука е пред почетокот на летните горештини, кога опасностите од пожари се зголемуваат, да се извежбаат постапките при сузбивање на пожари, како би можеле припадниците на АРМ активно да придонесат во сузбивање на настанатите пожари во кругот на касарната и надвор од неа, доколку за тоа би имало потреба.
При реализација на обуката сите учесници покажаа висок степен на обученост, голема ефикасност и координираност помеѓу единиците на АРМ и екипите кои професионално се бават со гаснење на пожари.