Врз основа на Годишниот план за обука и вежби за 2024 година во Првата пешадиска бригада (1.пбр), командата и штабот на 1.пбр го започнаа процесот на донесување на воена одлука за комбинираната вежба, која ќе се изведува во наредниот период.
Активноста беше изведена со паралелно планирање на командата и штабот на 1.пбр со потчинетите единици, користејќи ги достапните комуникациски системи за видеоконференции. Комбинираната вежба ги вклучува сите потчинети единици на 1.пбр и се состои од повеќе вежби, кои ќе се изведуваат истовремено на повеќе платформи и локации. Борбените вежби ќе се реализираат на АП Криволак, вежбите на карта ќе се реализираат на мирновремените локации на единиците, додека пак компјутерски асистираните вежби ќе се реализираат со помош на системот JCATS во Командата за обука и доктрини во Велес.
ГЃ/ДЧ