Во изминатиот период во касарната ,,Чолија“, инструктори од ВС на САД, со припадници од инженериски баталјон (инжб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), успешно реализираа обука за моторизираното оклопно мобилно возило за пронаоѓање на мини и детектирање метал – ХАСКИ (Husky VMMD – Vehicle-Mounted Mine Detection).
Припадниците од инжб за време на обуката теоретски и практично се надградија со знаење за управување на возилото на различен терен и изведување на комплексни задачи.
За успешно завршената обука, инструкторите за возилото, во присуство на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантот на инжб, потполковник Илчо Заковски, на персоналот кој покажа мотивираност и желба за надградување на своите знаења и ракување со системот ХАСКИ им доделија сертификати.
Возилото ХАСКИ значително ја подобри борбената способност на инжб за извршување на задачи, како поддршка при извршување на различни операции.
ГЃ/СН