Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се приклучи во одбележувањето на патрониот празник на општинското основно училиште (ООУ) од Берово кое го носи името на еден од водачите на Македонското-Кресненско востание: „Дедо Иљо Малешевски “ .
Делегацијата од ЗОК положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Иљо Марков – Малешевски, кое се наоѓа во училишниот круг, а потоа оствари средба со директорот и дел од вработените во ООУ во Берово.
Одличната цивилно воена соработка која ЗОК ја има со ова училиште започна минатата година каде учениците од ова училиште се вклучија во одбележување на Денот на ЗОК, со спроведен литературен и ликовен конкурс при што првонаградените состави и ликовни дела на учениците беа прочитани и претставени пред присутните на прославата.
Иљо Марков, попознат како дедо Иљо Малешевски е еден од најистакнатите личности во Македонската историја од 19-тиот век, борец за слободна Македонија кој учествувајќи во востанијата од тој период испиша голем дел од Македонската историја.
Се очекува и оваа година учениците на ова ООУ да учествуваат и дадат свој придонес во одбележување на денот на ЗОК согласно традициите на значајните историски настани врз кои се темелат традициите на АРМ.