Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на II рамниште на единиците кои се подржуваат според Шемата за ЛП и севкупна ЛП за единиците од својот состав.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функционални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправки;
– Движење и транспорт;
– Инфраструктура;
– Услуги.
- Координирање и реализирање на барања за ЛП од командите и единиците кои се поддржуваат;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците кои се поддржуваат при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање или учество во мисии;
- Обезбедување на базна логистичка поддршка за единиците кои се сместени во касарните-гарнизоните.
1.логистички баталјон е формиран на 01.03.2006 година. Командата на баталјонот се наоѓа во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип. Со своите единици кои се наоѓаат во касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Боро Менков“ во Куманово, „Алекса Демниевски-Бауман“ во Велес и на армискиот полигон „Криволак“, 1. лб според шемата на логистичко обезбедување врши поддршка на единиците од ЗОК, КОД, 1. мпбр и сите воени вежби, домашни и меѓународни кои се одржуваат на армискиот полигон „Криволак“.
Прв командант, во периодот од 2006 до 2008 година беше мајор Цветко Јаневски. Во период од 2008 до 2012 година, должноста командант на баталјон ја извршуваше потполковник Васко Лапевски. Од февруари 2012 година за командант на 1. лб е назначен потполковник Бранко Србиноски кој на оваа должност беше до август 2013 година кога за командант на 1. лб е поставен мајор Лазар Ѓуров кој моментално ја извршува оваа должност.
Како елемент на логистичка поддршка, со персонал и МТС, 1. лб има учествувано во низа вежби во Р. Македонија (Блесок, Лансер, МEDECUR…) и помош на населението при елементарни непогоди (поплава во Радовиш во 2008 година, земјотрес во Валандовско, гаснење на пожари).
Припадници на нашата единицата секоја година учествуваат и во мировни мисии во БиХ и Авганистан односно ИСАФ и АЛТЕА.
Од месец април 2012 година започна трансформацијата на единицата, која заврши на 31.10.2014 година. Како суштински промени и новини се издвојувањето на водовите за медицинска поддршка и водовите за обезбедување од составот на баталјонот.