Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на II рамниште на единиците кои се поддржуваат според шемата за ЛП и поддршка на единиците од својот состав.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функционални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправки;
– Движење и транспорт;
– Инфраструктура;
– Услуги.
- Координирање и реализирање на барања за ЛП од командите и единиците кои се поддржуваат;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците кои се поддржуваат при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање или учество во мисии;
- Обезбедување на базна логистичка поддршка за единиците кои се сместени во касарните-гарнизоните.
Потполковник Меџаит Мемеди
Потполковник Меџаит Мемеди е роден 1977 година во Скопје. По завршување на средното образование Гимназија „Зеф Луш Марку“ ССС – IV степен и високо образование „Педагошки факултет во Скопје, а потоа продолжува со воено образование – го завршува Основниот курс за офицери за служби – интендантска служба (ОКОФСл) во 2003 година на Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Воената кариера ја започнува како Командир на вод во Логистичка чета во Велес, а во досегашната кариера извршувал должности на ниво чета, баталјон и повисоко а од 2020 година е поставена за Началник на штаб и заменик на Командантот на 3.логистички баталјон. Има завршено повеќе курсеви меѓу кои: Курс за Штабни должности во баталјон од 12.2010 до 01.2011 година, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Курс за команданти на баталјон во Р. Германија 04. – 09.2013 година. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: пофалница од Командант на КЛП во 2008 година, наградни отсуства од Командант на ЗОК во 2018 година и Командант на ЛБ во 2021 година, Сребрена значка од НГШ во 2021 година. Оженет и татко на три деца.
Претходни должности:
- Командир на вод за интендантско обезбедување во логистичка чета во Велес од 2003 -2005 година;
- Командир на лог чета во Центар за обука на граничари и родови за борбено-сервисна поддршка, во Велес, од 2005-2006 година;
- Командир на 3.четаЛП/3.логб. во Велес, од 2007 до 2010 година;
- Командир на 2.четаЛП/3.логб. во Скопје, од 2010 до 2012 година;
- Офицер за безбедност и заштита при работа во С-4/3.логб., Скопје, од 2012 до 2014 година;
- Началник на С-3/3.логб. во Скопје, од 2014 од 2017 година;
- Офицер за ДиТ и шпедитерски работи,транспортни капацитети и безбедност во сообраќај во одделение за ДиТ во Ј-4/ЗОК во Куманово, од 2017 до 2020 година;
- Началник на штаб-заменик на Командантот во 3.логб. во Скопје, од 2020 до 2022.
Унапредување:
- поручник 2003-2006 година
- капетан 2006-2012 година
- мајор 2012-2017 година
- потполковник 2017 година
Странски јазици:
- Германски јазик.
3.логб е формиран на 12.04.2006 година. Единицата е формирана со трансформацијата на АРМ во 2006 година, од трансформација на поранешниот баталјон за опслужување и логистичка поддршка, кој беше во функција на логистичка поддршка на единиците на тогашното Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана, разместени во гарнизонот Петровец.
Командата на баталјонот од 2006 година па наваму живее и работи во касарната Н.Х Страшо Пинџур во Петровец, на почетокот во објект КН 138, за да со новата трансформација на АРМ се пресели во објект КН 148. Потчинетите единиците на 3.логб (четите за логистичка поддршка) беа разместени во гарнизоните Петровец, Скопје и Велес и нивната мисија се однесуваше на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ во наведените гарнизони.
Со формирањето на 3.логб, како единицата беше дефинирана нејзината мисија и листата на суштински задачи за извршување на мисијата. Мисијата на 3.логб во период од 2006 до 2011 година беше следната:
Во зоната на одговорност, во мир да ги обезбеди 1 и 2 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1 линија на поддршка на органските единици. Во услови на криза или војна да ја обезбеди 2 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1 и 2 линија на поддршка на органските единици.
Во мир, војна или криза да обезбеди физичко обезбедување на издвоените објекти и објектите од посебно значење во својата зона на одговорност.
Во рамките на зададената мисија и задачите произлезени од неа 3.логб, во периодот од 2006 до 2012 година ги извршуваше следните позначајни активности:
- Континуирана логистичка поддршка во зоната на одговорност согласно шемата за логистичка поддршка на единиците на АРМ;
- Континуирано физичко обезбедување на касарните и издвоените објекти во зоната на одговорност, издвоени објекти: Дренов Дол во Петровец, Отовица во Велес, касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, касарната „Илинден“ во Скопје, касарната „Гоце Делчев“ во Скопје и касарната „Н.Х Страшо Пинџур“ во Петровец;
- Медицинска поддршка на единиците во зоната на одговорност;
- Изработка на упатства и елаборати за работа;
- Учество со персонал во мисиите АЛТЕА во БиХ и ИСАФ во Авганистан;
- Давање на Логистичка поддршка на контингентите на АРМ при подготовки за учество во мисии;
- Логистичка поддршка и учество со персонал во домашни и меѓународни вежби кои се одржуваа во Република Македонија (Македонски Блесок, Предизвик, MEDCEUR, Longbow/Lancer, Safe Path и други.);
- Во рамките на реновирањето на аеродромот во касарната во Петровец извршено е модернизирање на Термо енергетскиот сервис во касарната;
- Дислокација на Француски-Јужен и Француски-Северен камп во касарната во Петровец;
- Набавки на МС за потребите на единиците во зоната на одговорност;
- Инвестициско одржување на објектите во зоната на одговорност со посебен акцент на пуштањето во употреба на целосно реновираниот војнички ресторан во касарната касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес на ден 17.12.2010 година;
- Дотур на МС и одржување на издвоени објекти на АРМ;
- Имплементација на сите законски одредби во работењето;
- Успешна логистичка поддршка на цивилни структури (поддршка на општини, ден на дрвото, поддршка на региони зафатени од елементарни непогоди-поплави, снегови, пожари и слично, спортски друштва, филмски продукции и слично).
Со трансформацијата на АРМ во 2012 година извршена е трансформација на 3.логб во поглед на организациско-формациската структура, разместеноста на единицата, а со тоа и мисијата на единицата и листата на суштински задачи за мисијата.
Новата мисија на 3.логб, од 2012 година е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на 2 рамниште на единиците кои се поддржуваат според Шемата за ЛП и севкупна ЛП за единиците од својот состав.
Согласно новата организациско формациска структура од единицата е изземена четата за ЛП на гарнизонот Велес, а од друга страна пак придодадена е четата за ЛП на ГШ на АРМ и МО на РМ сместена во просторот на ГШ на АРМ. Во рамките на таа чета во функција е ставен војничкиот ресторан во касарната Гоце Делчев. Извршено е предавање на надлежноста за медицинска поддршка на единиците во рамките на ВМЦ.