На воена свеченост по повод примопредавање на должност командант на 3.логистички баталјон која се одржа на ден 19.12.2019 година во касарна „Илинден“ во Скопје, се изврши примопредавање помеѓу потполковник Билјана Николовска кое предава и мајор Седат Мемети кој ја прима должноста.
Беа присутни Командантот на Бригадата за логистичка поддршка полковник Мухарем Мухареми, Началниците на секции, командантите на прво потчинетите единици на бригадата, команданти на единици во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и други поканети гости.
Командантот на Бригадата за логистичка поддршка полковник Мухарем Мухареми во своето обраќање го истакна значењето на 3.логистички баталјон во извршувањето на логистичката поддршка на најголемиот број на единици и команди на Армијата во зоната на одговорност односно гарнизоните Скопје и Петровец, како и на многубројните меѓународни активности кои се случуваат. Полковник Мухареми на крајот од своето обраќање на досегашниот командант и посака многу успех на новото работно место и благодарност за постигнатото во единицата, а на новиот командант му посака успех на должност и навремено и квалитетно извршување на работните задачи.
Досегашниот командант, потполковник Билјана Николовска во своето обраќање истакна дека во оваа година се соочила со многу предизвици и активности како учество на реализирани меѓународни и национални вежби, активности од цивилно-воена соработка, церемонии и редовната секојдневна логистичка поддршка на сите единици. Исто така, ја потенцира важноста на персоналот кој го движи баталјонот, и им изрази благодарност за поддршката која и беше доверена при извршување на задачите од мисијата на 3.логистички баталјон. На крајот од обраќањето се заблагодари и на командантот на Бригадата за логистичка поддршка полковник Мухарем Мухареми, како и на командантите на прво потчинетите единици на бригадата за поддршка во работата и за беспрекорната соработка.
Во обраќањето на новиот командант на 3.логистички баталјон мајор Седат Мемети, истакна дека „Успехот и резултатите не можеме да ги постигнеме доколку сите ние заедно не функционираме како тим и притоа заедно да го дадеме својот максимум и постојано да бидеме посветен на извршување на задачите.„ На крајот од обраќањето, им посака на сите присутни многу здравје,успех на личен и професионален план.
На крајот од свеченоста, се изврши и церемонијално примопредавање на военото знаме помеѓу стариот и новиот командант на 3.логистички баталјон.
ЗВ/АС