Во период од 19 февруари до 15 март 2024 година во Одделот за медицинска обука (ОМО) при Воено медицинскиот центар, се реализираше „Основен и напреден курс за животоспасувачи “.
Учество на курсот зедоа припадници на повеќе единици од Армијата на Република Северна Македонија. Слушателите на курсот теоретски и практично ги совлада знаењата и вештините при животоспасување во случај на медицинска итност, ургентен третман на повредени и заболени, тријажирање, евакуација и брз транспорт до соодветна медицинска установа.
Стекнатите индивидуални способности како и тимските капацитети за предболничко згрижување на повредени и заболени, слушателите ги презентираа на завршната вежба изведена пред претставници од Армијата кои воедно имаа свое обраќање при завршната церемонија и доделувањето на сертификатите. Стекнатите знаења, вештини и техники се значајни за учесниците на полето на професионално усовршување во рамките на нивната поставеност во единиците, а воедно се потребни и при упатување во меѓународните операции.