На ден 20.07.2023 година во просториите на Командата на логистичка база беше реализиран работен состанок со претставници од Бригадата за асистенција на безбедносни сили (SFAB – Security Force Assistance Brigade) од Армијата на САД.
На состанокот беше презентирана функционалната поставеност на снабдувањето со резервни делови како логистичка функција и поврзаноста со капацитетите за одржување.
Во фокус на состанокот беа процедурите за снабдување со резервни делови и одржување на возила од програмите JLTV и Stryker, односно подготовките за нивно соодветно одржување при воведување во оперативна употреба во Армијата. Во продолжение се дискутираа можностите за унапредување на процесот на одржување преку организирање наменски обуки за персонал од логистичките единици и упатување на специјализирани курсеви и школување во областа на одржувањето на возила од програмите JLTV и Stryker во САД.
На крајот, од страна на претставниците на Логистичка база беше изразена благодарност за посетата и за размената на искуства со можност за интензивирање на соработката со SFAB тимот за подобрување на способностите за одржување во Армијата.