Воено медицинскиот центар во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија ја продлабочуваат соработката на полето на психолошката дејност во насока на унапредување и грижа за менталното здравје на вработените.
Во рамки на активностите за интензивирање на соработката одржани се две работни средби на 14.06.2023 година во просториите на Црвениот КРст и на ден 21.06.2023 година во просториите на Воено Медицинскиот центар.
На средбите се разменија искуства и знаење од областа на психо – социјалната поддршка при итни и кризни состојби и разгледани се сите можности за идна соработка со психолозите на Армијата и Црвениот КРст.
На овој начин Воено медицинскиот центар ја продлабочува веќе започнатата долгогодишна соработка со Црвениот Крст која ја има воспоставено на полето на обука на животоспасувачи.