Во период од 24 октомври до 3 ноември, во Одделот за медицинска обука во Воено медицинскиот центар (ВМЦ) во соработка со швајцарскиот тренинг центар SWISSINT се одржаа „Курс за згрижување на повредени на тактичко ниво“ и „Курс за предболничко згрижување на повредени“.
Покрај припадници од Армијата, на курсевите учествуваа и воено медицински персонал од Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС), и припадници од Вооружените сили на Република Хрватска. Соработката со медицинската служба на Швајцарската Конфедерација трае дваесет и три години, додека на истата соработка припадниците на БМНС и се приклучуваат од 2017 година.
Целта на оваа обука е стандардизација на постапките за тактичко и предболничко згрижување на повредени.