Во Одделот за медицинска обука при Баталјонот за медицинска поддршка (бМП), со инструктори од Вооружените сили на Швајцарската конфедерација и инструктори од Одделот за медицинска обука, во касарната „Илинден“ и бМП во период од 25 – 28 октомври 2022 година, се реализира „Курс за згрижување на повредени на тактичко ниво“ (Tactical Combat Casualty Care-TCCC).
На курсот учество зедоа припадници на повеќе единици од Армијата на Република Северна Македонија како и припадници од Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС). Учесниците на курсот се обучуваа за стандардизираните постапки при згрижување на повредени на тактичко ниво и се стекнаа со нови знаења, вештини и техники кои во иднина ќе ги применуваат за потребите на своите единици.
ЗВ/ММ