Врз основа на календарот за обука на Командата на Технички Ремонтен Центар (ТРЦ) клучниот персонал во Командата и штабот реализираа командантско извидување во зоната на одговорност во североисточниот дел од земјата односно во поширокиот реон на општина Кратово и Пробиштип.
Целта на командантското извидување беше да се извиди просторот како дел од обуката за тактичко планирање, согледување на воено – топографските и географски карактеристики на теренот, организација на логистичка поддршка како и начинот на содејство и координација со цивилните структури на северниот стратегиски правец.
ЗВ