Во рамки на одбележувањето на Денот на полкот за Специјални Операции – 1-ви Март, во периодот од 16.02. до 29.02 се реализираа неколку активности со кои единицата го одбележа својот ден.
Одбележувањето на денот започна со спортските игри во кои низ спортски и натпреварувачкиот дух силите ги одмерија единиците кои се сместени во касарната „Илинден“. Во деновите 16 и 17.02.2016 година на спортските терените во касарната се реализираа натпревари во повеќе дисциплини како фудбал, кошарка, штафетно трчање итн.
Следна активност која се реализираше беше крводарителната акција која се реализираше во деновите 23 и 24.02.2016 година. Како и секогаш хуманоста на припадницте на единицата не изостана така да во оваа доброволна крводарителна акција учество зедоа голем број на припадници на полкот.
На ден 29.02.2016 година припадниците на единицатареализираа донација на средства во Дневниот центар за деца со аутизам и Центарот за рехабилитација на млади и младинци во Скопје.