Во посета на полкот за Специјални Операции, како дел од армиската соработка со Соединетите Американски Држави, во организација на Амбасадата на САД, за првпат престојуваше делегација од млади политиколози, идни политичари.
На делегацијата и беше презентиран брифинг за работата и животот во единицата и за досегашната билатерална соработка со САД. Од страна на командантот на пСО, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, беше истакната особена благодарност за досегашната соработка на единиците на АРМ со Армијата на САД, а посебно на полкот за Специјални Операции. На брифингот беа презентирани плановите за конверзија на вооружувањето и опремата според стандардите на НАТО, а беа продискутирани и предизвиците со кои се соочува единицата. Беа продискутирани и приоритетите на единицата во периодот кој доаѓа како и можностите за идна соработка и поддршка.
По завршувањето на посетата на Командата на пСО, делегацијата го посети баталјонот за специјални намени, каде од страна на командантот на баталјонот, потполковник Ѓорѓи Вељовски се запознаа со единицата.