Во полкот за специјални операции со церемонијално предавање на военото знаме на Ренџерскиот баталјон и пригодна воена свеченост, на ден 24.08.2018 година беше извршено примопредавање на должност командант на ренџерски баталјон.
Командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев за време на примопредавањето на должност пред присутните припадници на ренџерскиот баталјон напомена дека е исклучително задоволен од резултатите кои ги постигна досегашниот командант, а воедно очекува новопоставениот командант да продолжи и да го подигне баталјонот на уште повисоко ниво. Досегашниот командант потполковникот Војнески Драганчо во својот говор им се заблагодари на сите припадници на Ренџерскиот баталјон за поддршката која ја имал додека командувал со единицата, додека новопоставениот командант потполковникот Блерим Исмаили напомена дека му е особена гордост да биде поставен на чело и да командува со ваква елитна единица.
Во текот на денешниот ден со пригодна воена свеченост во касарната „Илинден“ се изврши и примопредавање на должност командант на баталјон за Специјални Намени.
На свеченоста свое обраќање имаше командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев кој напомена дека единицата треба да се гордее што имаше ваков лидер и воин за свој командант и верува дека со новопоставениот командант единицата ќе продолжи по патот на успехот. Досегашниот командант полковникот Лафчиски Сашко истакна дека е особено горд што ги има исполнето ветувањата кои ги има дадено на почетокот на неговата должност благодарение на несебичната поддршка на припадниците на единицата. Новопоставениот командант потполковникот Горѓи Вељовски пред припадниците на баталјонот им се заблагодари на претпоставените за укажаната доверба и порача дека во наредниот период фокусот ќе биде на одржување на највисокото ниво на психофизичка способност, совршена стручно специјалистичка обученост и беспрекорни меѓучовечки односи.
З.Б