Денес, 24-ти Февруари 2014 година во касарната „Илинден“ во организација на полкот за Специјални Операции (пСО) се реализираше крводарителна акција по повод јубилејот „20 години сили за специјални операции“.
Припадниците на полкот, како и секогаш во голем број се вклучија во крводарителната акција при што беа собрани 80 крвни единици. Традиционално, веќе неколку години наназад пСО реализира крводарителни акции. Ваквите акции се во соработка со институтот за трансфузиона медицина при Медицинскиот факултет Скопје и Црвен крст – Чаир, а се организираат три пати годишно и тоа во месец Март по повод денот на единицата, во месец Април по повод одбележувањето на помен на загинатите припадници на АРМ во Вејце и во месец Август по повод Денот на АРМ.
Хуманоста е една од одликите која го краси секој припадник на АРМ така и на припадниците на полкот за Специјални Операции.
Фактот дека дадената крв ќе спаси нечиј живот е доволна мотивација и поттик и понатаму да се продолжи со вакви акции.