Денес 25.02.2019 година во касарната „Илинден“ припадниците на полкот за Специјални Операции реализираа крводарителна акција по повод претстојниот ден на единицата и јубилеј „25 години сили за Специјални Операции“.
Акцијата беше реализирана во соработка со одделението за трансфузиона медицина при ГОБ „8-ми Септември“- Скопје. За време на акцијата главно обележје беше големиот одѕив при што беа собрани 100 единици крв. Вакви крводарителни акции се реализираат традиционално пред значајни денови за единицата но и во моменти кога за тоа има потреба.