Денес (21.03.2014 година) припадниците на полкот за специјални операции, и останатите единици во касарната „Илинден“ во Скопје активно се вклучија во одбележувањето на Денот на пролета.
Во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“ во касарната „Илинден“ се засадени околу 50 цветни расади и 70 садници. Покрај засадувањето се реализираше акција на чистење и средување на касарнискиот круг, а се одржаа и два наставни часа на теми поврзани со екологијата, односно зачувувањето и унапредувањето на животната средина и природа.
Со оваа акција припадниците на АРМ уште еднаш покажаа дека грижата за природата и високата еколошка свест е секогаш присутна во сите единици на АРМ.