Во касарната „Илинден“, пред спомен обележјата и градските гробишта во Бутел – Скопје, село Бунарџик, Куманово и Македонска Каменица со полагање на свежо цвеќе со длабока почит беше одбележана шеснаесетгодишнина од трагичното загинување на припадниците на баталјонот за Специјални Намени во реонот на село Вејце.
Во чест на загинатите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костевски, на спомен обележјето пред баталјонот за Специјални Намени покрај семејствата на загинатите, свежо цвеќе положија и делегациите од ГШ на АРМ, полкот за Специјални Операции, Здружената Оперативна Команда, 1 механизирана пешадиска бригада, единиците кои се лоцирани во касарната и други делегации.
Пред собраните припадници на единицата и присутните се обрати командантот на баталјонот за Специјални Намени кој напомена дека „И денес после шеснаесет години болката е силна, горчината во устата присутна, а погледот уморен, но кога ќе ве погледнам вас Македонските Волци болката исчезнува зошто го чувствувам духот на нашите загинати браќа во секој од вас“.