Денес 7 Ноември четврток во полкот за Специјани Операции присуствуваше делегација на НАТО советодавниот тим во Република Македонија.
Петочлената екипа на НАТО советодавниот тим беше предоведена од полковникот Алексадар Александров и истата беше дочекана од страна на полковникот Васко Ѓурчиновски – командантот на полкот за Специјални Операции и потесниот дел од командата. На почетокот од посетата на гостите им беа презентирани мисијата и основните задачи кои ги реализира единицата. По завршувњето на презентацијата гостите ја искористија можноста и го посетија тактичкиот борбен курс за справување со настрадани кои се реализираше во касарната „Илинден“со инструктори од специјалните сили на САД.
На крајот од посетата претставниците на НАТО советодавниот тим изразија особено задоволство од одличната организација и нивото на професионализам со кој се приоѓа кон реализацијата на задачите во оваа единица.