Денес 19.08.2016 година во касарната „Илинден“ – Скопје се одржа свеченост по повод примопредавањето на должност командант на баталјон за специјални намени.
На свеченоста присуствуваа командантите на единиците лоцирани во касарната „Илинден“. Пред гостите на свеченоста пригодно обраќање имаше командантот на полкот за специјални операции полковникот Орце Јордев. Во своето обраќање полковникот го напомена значајот на баталјонот за специјални намени воедно изрази благодарност на досегашниот командант на баталјонот потполковникот Велков Димче за неговиот труд, ангажираност и посветеност во работата. За новопоставениот командант потполковникот Лафчиски Сашко истакна дека е уверен со квалитетниот персонал со кој располага единицата и неговото искуство успешно ќе одговори на сите предизвици и ќе ја оправда укажаната доверба.
Ново поставениот командант на баталјонот за специјални намени во својот говор истакна дека должноста која му е доверена ќе ја оправда и сите поставени задачи единицата под негова команда ќе ги реализира професионално и одговорно. Свеченоста беше крунисана со примопредавањето на знамето на единицата.