Денес 15.09.2015 година во касарната „Илинден“ се одржа свеченост по повод примопредавањето на должност командант на баталјон за специјални намени.
На свеченоста присуствуваше началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски и командантите на единиците лоцирани во касарната „Илинден“.
На свеченоста пригодно обраќање имаше заменикот на командантот на полкот за специјални операции полковник Орце Јордев, кој го истакна значењето на баталјонот за специјални намени и воедно му се заблагодари на досегашниот командант на баталјонот потполковникот Горан Илиоски, за неговиот труд, ангажираност и посветеност во работата. Полковникот Joрдев изрази уверување дека новопоставениот командант на баталјонот за специјални операции потполковникот Димче Велков со неговото искуство и со квалитетниот персонал со кој располага единицата успешно ќе одговорат на сите предизвици.