Денес 18.08.2015 година во касарната „Илинден“ – Скопје се одржа свеченост по повод 18-ти Август денот на АРМ.
Свечениот строј по повод прославата на Денот на АРМ го сочинуваа ешaлони од повеќе единици на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“. За време на свеченоста пред стројот беа прочитани честитките од Министерот за одбрана на РМ и началникот на ГШ на АРМ, воедно беа доделени и стимулативните мерки за припадниците кои покажале особени резултати во изминатиот период.
Пред стројот пригоден говор одржа заменикот командант на полкот за специјални операции полковник Орце Јордев кој напомена дека сите успешно реализирани задачи и проекти во касарната „Илинден“ не се резултат на една индивидуа или една единица, тие се резултат на тимска работа и одлична соработка помеѓу сите единици кои се наоѓаат во касарната.