Во периодот од 22-26.09.2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ припадниците на полкот за Специјални Операции реализираа гаѓања со вооружувањето кое се наоѓа во единицата.
Припадниците на полкот реализира гаѓања со повеќе видови на вооружување како што се: ОТ БТР 80, минофрлач 60 мм, рачен фрлач на гранати, РРФ 64мм, снајперски пушки и други вооружувања.
Целта на оваа активност е одржување на високо ниво на борбена готовност и кондицирање во ракување со вооружувањето со кое располага единицата.
Како и секогаш, извршителите покажаа високи резултати и ги исполнија бараните стандарди во сите видови на гаѓања.