Во изминатите седум дена дел од припадниците од баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции реализираа обука во базирање и преживување во природа.
Обуката се реализираше на терените на планината Лопушник каде припадниците на единицата ги усовршуваа своите способности за пронаоѓање на храна во природа, нејзино приготвување и складирање. Способноста за базирање и преживување во природа е од суштинско значење за припадниците затоа што им овозможува да ја реализираат поставената задача и во услови кога со себе се има ограничени ресурси за исхрана.
Припадниците на баталјонот воедно и на полкот тежнеат секогаш да се врвно обучени и подготвени за секој поставен предизвик затоа што обученоста и оспособеноста е најјакото оружје кое може да го поседува еден војник.
ЗБ