Македонскиот контингент кој учествува на мултинационалната вежба „SABER JUNCTION 16“ составен од припадници на баталјонот за Специјална Намена од составот на полкот за Специјални Операции во периодот од 29.03 до 05.04.2016 година изврши непосредни подготовки и гаѓања за претстојната вежба.
Подготовките и гаѓањата се реализираа на полигоните и стрелиштата на Воената база во Графенвор – Германија. Подготовките беа реализирани со цел зголемување на интероператибилноста со останатите земји учеснички на вежбата. Самата вежба започна со реализација во период од 07 до 17.04.2016 година, а на истата учество ќе земат претставници и единици од 16 држави. Цел на вежбата е да се зголеми довербата и да се продлабочат врските помеѓу членките и партнерите на НАТО.
Резултатите постигнати од припадниците на единицата за време на подговорките и гаѓањата беа на највисоко ниво.