Денес 27.11.2015 година заврши селективниот курс за прием на професионални војници во специјалните единици на АРМ. Селективниот курс започна на 03.11.2015 година и се реализираше во Центарот за обука „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“.
Со завршувањето на селективниот курс кандидатите исполнија еден од критериумите за да бидат дел од од полкот за Специјални Операции. Сите кандидати кој со успех го завршија селективниот курс за време на селекцијата покажаа голема мотивираност и способност да издржат големи физички напори, успешно совладуваа вертикални и водени препреки, покажаа одлични резултати во работа под оптеретување, притисок и друго.
Цел на селекцијата беше да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидатите.