Денес 08.05.2015 година заврши селективниот курс за прием на професионални војници во специјалните единици на АРМ. Селективниот курс започна на 14.04.2015 година и се реализираше во Центарот за обука „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“.
Селекцијата се изведе со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидатите. Кандидатите кои со успех го завршија селективниот курс се стекнаа со право да бидат дел од полкот за Специјални Операции. Во изминатите 24 дена од селекцијата кандидатите покажаа голема мотивираност и способност да издржат големи физички напори, успешно совладуваа вертикални и водени препреки, покажаа одлични резултати во работа под оптеретување и притисок и друго.
Сертификатите за успешно завршен селективен курс на кандидатите им ги додели командатот на полкот за Специјални Операции и командантот на селективниот курс.