Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со одбранбеното аташе на Романија во Република Северна Македонија, морнарички капетан Валентин Стримбесчи.
На денешната средба во Генералштабот, генералот Ѓурчиновски му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, морнарички капетан Валентин Стримбесчи за неговиот придонес во развивањето на воената соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Романија, а на новоназначеното одбранбено аташе, полковник Арчип Каталин Петре кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност му посака срдечно добредојде и изрази уверување за продолжување и интензивирање на взаемната соработка.