Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари протоколарна средба со резидентното одбранбено аташе на Република Бугарија акредитирано во Република Северна Македонија, потполковник Асен Ламбев.
На денешната средба во Генералштабот беше потенцирана меѓуармиската соработка, која во најголем дел се состои во изведување на заеднички вежбовни активности, учество во меѓународни операции, соработка во делот на обуката како и военото образование.