Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Република Хрватска акредитирано за Република Северна Македонија полковник Стјепан Домјанчиќ.
Продолжување на континуитетот на билатерална соработка и нејзино унапредување преку нови форми на соработка беа темите на денешната средба во Генералштабот, кои се особено изразени во областите на воена едукација, обука и вежби.