Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата (ЗНГШ), генерал-мајор Азим Нуредин, учествуваше на манифестацијата кое се одржа во Битола по повод одбележувањето на 123 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на тогашната воена гимназија.
Генералот Нуредин во своето обраќање, истакнувајќи ја соработката која нашите две пријателски земји ја имаат особено на полето на одбраната, започната во 1994 година, пред се во школувањето на престижните турски воено образовни центри, учество на заеднички обуки, вежби и мировни операции.
Соработка помеѓу нашата Армија и Вооружените сили на Република Турција, сега и како сојузници на НАТО дополнително се проширува овозможувајќи интероперабилност на армиите во алијансата, како и дека Република Турција со севкупната континуирана поддршка придонесува за модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, додаде генералот Нуредин пред присутните.
На годинешното одбележување, во чест на ликот и делото на Кемал Ататурк, како извонреден промотор на начелото за разбирање помеѓу народите и трајниот мир меѓу светските нации, присуствуваа и заменикот министер за одбрана Башким Хасани, амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Н.Е Хасан Секизќок и одбранбеното аташе, полковник Серкан Чакир.