По повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, на градските гробишта во Бутел во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот предводена од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата, Сојузот на здруженија на борците од НОБ, Организација на резервни воени старешини, градот Скопје и други, со воени почести положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Делегација од министерството за одбрана и генералштабот предводена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и од здружението на семејствата на загинатите бранители положија свежо цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации положат свежо цвеќе пред бистите на Народните Херои чии имиња ги носат касарните.