Заменикот на началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Унгарија акредитирано за Република Северна Македонија потполковникот Ласло Надас.
Средбата воедно е проштална со досегашното одбранбеното аташе на Република Унгарија, полковникот Шаболц Хари, при што генералот Нуредин упатувајќи благодарност го истакна досегашниот негов ангажман во јакнењето на билатералната соработка помеѓу двете Армии.
На крајот од средбата на која се разговараше за тековните билатерални активности, генералот Нуредин на потполковникот Надас му посака успех во извршување на должноста и очекување дека ќе продолжи продлабочувањето и интензивирање на одличната билатерална соработка.
Билатералната соработка во полето на одбраната соработка која отпочна во 2002 година, во најголем дел се состои во изведување на заеднички вежбовни активности, соработка во обуката како и во военото образование.