Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со досегашното одбранбено аташе на Република Хрватска во Република Северна Македонија, полковник Мирјана Плеша Радониќ.
На средбата, од страна на генералот Ѓурчиновски беше искажана благодарност за досегашниот ангажман на полковник Плеша Радониќ и залагањето за унапредување на билатералната соработка за време на нејзиниот мандат. Воедно беше искажано уверување дека континуираната соработка во доменот на одбраната помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Хрватска ќе продолжи да се унапредува со изнаоѓање на нови модалитети.
Претходно, како резултат на залагањето во билатералната соработка, генералот Ѓурчиновски по повод 8 Септември-Денот на независноста на Република Северна Македонија, на полковник Маријана Плеша Чадониќ и додели златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка.