Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со новоназначеното одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Северна Македонија, полковник Контантинос Самарас.
На денешната средба , генералот Ѓурчиновски на полковник Контантинос Самарас му посака успех во работата за време на неговиот мандат, при што изрази уверување за продолжување и унапредување на соработката помеѓу двете армии.
На средбата, на која присуствуваше и досегашното одбранбено аташе, бригаден генерал Георгиос Акриотис, кој оваа должност ја извршуваше изминатите три години, генералот Ѓурчиновски му се заблагодари за досегашниот ангажман и залагање за развивањето на билатералната соработка.